Евтина тарифа на ЕВН за малите и средните фирми

Bez autora
May 19 2014

ЕВН „Снабдување“ за малите бизнис корисници што ќе излезат на слободниот пазар подготвува ценовни продукти со многу поволности. Ако досега на регулираниот пазар за оваа група се применуваше вториот тарифен степен, низок напон, односно единствена висока цена во текот на целиот ден, на слободниот пазар се создадени услови на фирмите да им се понуди и евтина тарифа на струјата. Компанијата оваа можност ја темели на резултатите од извршените анализи за развојот на слободниот пазар за малите бизнис потрошувачи, кои ќе одлучат да излезат на пазарот од 1 јануари 2015 год. „Тоа значи дека покрај намалување на цената на струјата, ЕВН „Снабдување“ ќе понуди и ценовен продукт кој ќе вклучува и ниска тарифа за оваа група на потрошувачи, вели г. Нико Берберу, менаџер на ЕВН „Снабдување“.

Евтина тарифа на ЕВН за малите и средните фирмиЕВН „Снабдување“ за малите бизнис корисници што ќе излезат на слободниот пазар подготвува ценовни продукти со многу поволности.

Ако досега на регулираниот пазар за оваа група се применуваше вториот тарифен степен, низок напон, односно единствена висока цена во текот на целиот ден, на слободниот пазар се создадени услови на фирмите да им се понуди и евтина тарифа на струјата.

„Компанијата оваа можност ја темели на резултатите од извршените анализи за развојот на слободниот пазар за малите бизнис потрошувачи, кои ќе одлучат да излезат на пазарот од 1 јануари 2015 год. „Тоа значи дека покрај намалување на цената на струјата, ЕВН „Снабдување“ ќе понуди и ценовен продукт кој ќе вклучува и ниска тарифа за оваа група на потрошувачи“, вели г. Нико Берберу, менаџер на ЕВН „Снабдување“.

Оваа новина е дел од заложбите компанијата да излезе во пресрет на специфичните барања на сите групи на потрошувачи, поаѓајќи од опциите што ги нуди слободниот пазар на струја. Тимови веќе работат на развој на специјални понуди за малите и средните компании.

„ЕВН на македонскиот енергетски пазар има формирано и две балансни групи, една на слободниот и една на регулираниот пазар, што на компаниите им овозможува дополнителна стабилност“, велат од компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik